Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

ВРЕДИ: Артан Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура

Артан Груби лично потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артан Груби лично потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, како заклучок на седница на Влада на која присуствувале Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши. Откако во изминатите денови јавноста виде како сватот на Али Ахмети преку компанијата „АС Сењак“ земал кредит од 5 милиони евра директно од Белград, за потоа да му ги продаде акциите во битолската банка на притворениот српски тајкун Давор Мацура, денес го објавуваме третиот, крунски доказ, наведува ВРЕДИ во соопштението од прес-конференцијата на Саранда Имери Стафаи. 

Доказ кој покажува како државниот врв на ДУИ институционално го започнал и расчистил патот за преземање на Стопанска банка Битола (денес Алта банка Македонија).

Пред вас се два официјални државни документи: Записникот од 158-та седница на Владата одржана на 6 јуни 2023 година и објавена одлука во „Службен весник“ број 123 од 13 јуни 2023 година.

Реклама

Еве како функционирала државно-партиската машинерија на Али Ахмети:

На 6 јуни 2023 година се одржува 158-та седница на Владата, со која претседава Првиот вицепремиер Артан Груби заедно со Димитар Ковачевски. На масата седи комплетниот политички и економски врв на ДУИ: министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Под Точка 5 од дневниот ред, токму во овој состав, се разгледува Информацијата за продажба на акциите во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот и под заклучок број 6 се носи Одлука за давање согласност за продажба на државните акции во Стопанска банка АД Битола!

И погледнете кој се потпишува на оваа одлука: во „Службен весник“ број 123, под Одлуката број 41-3733/8 за продажба на акциите на Стопанска банка АД Битола, стои лично потписот на десната рака на Али Ахмети — Артан Груби!

Почитувани граѓани,
Кога ќе се спојат сите три дела од сложувалката, целата милионска операција на ДУИ излегува на виделина:

Прво: Артан Груби, во присуство на Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши, во Владата донесуваат па потпишува одлука државата да ги извади на продажба конфискуваните акции во Стопанска банка Битола.

Второ: Во игра влегува сватот на Али Ахмети преку фирмата „АС Сењак“, кој купува пакет акции во истата таа Стопанска банка Битола, а негова поврзана фирма повлекува 5 милиони евра кредит директно од централата на „Алта банка“ во Белград.

Трето: И државните акции што ги ослободи со потпис Артан Груби, и приватните акции на сватот на Али Ахмети, завршуваат во рацете на контроверзниот Давор Мацура за преземање на банката!

Затоа денес директно ги прашуваме Али Ахмети, Фатмир Бесими и Бујар Османи:

Дали уште на 6 јуни 2023 година, кога Артан Груби ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, во врвот на ДУИ веќе бил направен планот банката да се подготви за преземање од страна на белградската „Алта банка“?

Дали улогата на Груби, Бесими и Османи во Владата била институционално да ги ослободат државните акции за продажба, додека семејната мрежа на Али Ахмети преку „АС Сењак“ ги окрупнува приватните пакети акции и зема милионски кредити од Белград?

Овие документи од „Службен весник“ и од владините записници се најсилниот доказ дека во случајот со „Алта банка“ не станува збор за случајни деловни зделки, туку за координирана операција во која учествувале и највисоките државни функционери на ДУИ и најблиското семејство на Али Ахмети.

Ги повикуваме Јавното обвинителство и Управата за финансиско разузнавање да ја прошират истрагата и да ги сослушаат сите поранешни функционери на ДУИ кои учествувале во носењето и потпишувањето на овие одлуки. За претворањето на Владата во сервис за милионските бизниси на семејството на Али Ахмети и регионалните тајкуни мора да има кривична одговорност!