Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Вреди: Џафери го запечати исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит

Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, е јасен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, е јасен доказ дека проблемот околу полагањето на правосудниот испит не е случајност, туку последица на негрижа и политичкo предавство. Во тоа време, Законот за употреба на јазиците веќе беше во сила, но Талат Џафери како претседател на парламентот не побара усогласување на законот за правосудниот испит со одредбите за албанскиот јазик. Тој го прогласи законот за прифатлив, исклучувајќи го албанскиот јазик од испитот, се наведува во соопштението на Вреди.

Уште поразочарувачки е фактот што овој закон беше изгласан со Бадентер, односно и со гласовите на пратениците Албанци од тој состав, кои имаа национална обврска да бараат испитот да се полага и на албански јазик. Тие го изгласаа законот, оставајќи денес стотици албански студенти да ги трпат последиците од една двојна неправда.

ДУИ, која повеќе од 20 години имаше пет министри за правда од своите редови, никогаш не го реши овој проблем. Денес тие пролеваат „крокодилски солзи“ и излегуваат во одбрана, но документите зборуваат јасно: овој проблем ја носи печатот на Талат Џафери и нивната политика.

Реклама

Вреди ќе биде силата што ќе обезбеди овој испит да се полага на албански јазик. Затоа што нашиот јазик не е јазик на маргината, туку јазик на достоинството и правдата.