Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Вратите на „Прохор Пчински“ отворени – македонско-српското пријателство на дело за Илинден

Од Крушево до АСНОМ: Завет за слободна и обединета Македонија Во срцето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Крушево до АСНОМ: Завет за слободна и обединета Македонија

Во срцето на Крушево, во жртвата на илинденците од 1903 година, се роди идејата за слободна и праведна Македонија – четириесет и една година подоцна, идеалите оживеаја во манастирот „Св. Прохор Пчински“ – каде е одржано Првото заседание на АСНОМ. Антифашистичкото Собрание на народното ослободување на Македонија беше одговорот на Илинден – идејата која никогаш не остаре, не избледе, не се изгуби – таа созреа.

Денеска го живееме сонот на хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за да можеме да бидеме свои на своето. Пораки за обединување но и завет дека денешните генерации нема да ја заборават борбата и темелот на самостојната македонска држава. Илинден се одбележа и во Меморијалниот центар во Пелинце и во манастирот Свети Прихор Пчински. Таму македонската делегација предводена од потпретседателката на Собранието Весна Бендевска беше пречекана од нејзината српска колешка Невена Ѓуриќ.

Овие два Илинденa се завет дека нема само да се поклонуваме и почитуваме пред саможртвата на сите знајни и незнајни јунаци што ги положија своите млади животи за идејата за македонска држава. Тоа е обврска да го почитуваме нивното дело и ќе продолжиме да го сонуваме нивниот сон, заедно, и обединети. Дозволете во оваа прилика да упатам порака до секој граѓанин, доста беше поделби, доста беше омраза, доста беше нетрпеливост, Македонија во вистинска, буквална смисла на зборот мора да ја вратиме врз крушевските принципи и асномските постулати – рече Бендевска.

Реклама

Развојот на соработката помеѓу двете држави се базира првенствено на историската блискост и братските односи, на взаемното почитување но и на заедничките европски вредности и ние сме навистина подготвени да ја надоградуваме таа соработка, порача Ѓуриќ

Во Пелинце, Илинден го одбележаа и дел од министрите – меѓу кои и министерот за одбрана, Мисајловски, министерот за правда Филков, вицепремиерот Стоилковиќ… А покрај собраниката делегација предводена од Бендевска, присутни беа и голем број граѓани како и претставници на Сојузот на Борци. Порачаа дека идеалите на илинденците и АСНОМците мора да ги негуваме. Велат, ние не ја славиме само историјата – ние ја носиме, во делата, во гласот, во изборите што ги правиме – да ја зачуваме слободата, да го чуваме идентитетот, да си ја сакаме земјата.

Од Крушево до АСНОМ, од востание до државност – тоа е патот на македонскиот народ. Пат на непоккор, но и на надеж. Пат по кој чекориме и денес, со должност да ја чуваме слободата и да го носиме заветот што ни го оставија – да сме свои  и достојни на темелите врз кои е изградена нашата Македонија.