Реклама

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Македонија

Враќање на холандските туристи во Струга и поддршка на децата со посебни потреби во фокус на средбата Ќура – Салиеска

– Враќање на холандските туристи во Струга и поддршка на децата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Враќање на холандските туристи во Струга и поддршка на децата со посебни потреби биле фокус на разговорите меѓу градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура и македонската амбасадорка во Хаг, Линда Салиeска. 

Општина Струга соопшти дека за време на претстојот во Холандија, градоначалникот, придружуван од основачот на Фондацијата CDFK Струга, Ергин Борова, со амбасадорката разговарале за можностите за зајакнување на соработката и промоција на Струга во Холандија.

– Во фокусот на разговорите беа враќање на Струга во фокусот на холандските туристи, преку разгледување нови можности за промоција на туристичките потенцијали на градот и регионот на Охридското Езеро, како и воспоставување поодржливи врски со холандски тур-оператори и туристички партнери, како и поддршка за децата со посебни потреби, преку размена на искуства и добри практики од Холандија, како и можности холандските програми и политики да придонесат во развојот на Дневниот центар за деца со посебни потреби во Струга, стои во информацијата.

Реклама

Средбата, како што е наведено, била добра можност да се разговара за конкретни чекори кон воспоставување нови партнерства и соработки, со цел развој на туризмот, унапредување на социјалната инклузија и подобрување на услугите за граѓаните на Струга.