Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ на протест поради неисплатена септемвриска плата

Веќе втор ден вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе втор ден вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ своето незадоволство поради неисплатената септемвриска плата го искажуваат со протест, блокирајќи ги двата влеза во ова претпријатие. Најавуваат дека ќе протестираат до петок, од  9 до 11 часот, со блокирање на двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски изјави дека како единствен репрезентативен синдикат, заедно со вработените и со синдикалната организација при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје во повеќе наврати минатата недела се обиделе да стапат во контакт со раководството на ова јавно претпријатие. 

– Но, за жал не наидовме на одѕив од другата страна. Доколку во текот на денешниот ден не се исплати платата за септември, за која има законски рок до 15 октомвври, вработените ќе продолжат со изразување на своето незадоволство повторно со блокирање на двата влеза на претпријатието до петок, во период од 9 до 11 часот. Доколку и до петок не се исплати платата, вработените се подготвени на радикализација на своите протести со блокирање на булеварите и крстосниците во Град Скопје. За жал, ние како работници, не сакаме повторно да излегуваме на булеварите и на тој начин да го бараме своето основно право на заработената плата за септември. Сметаме дека тоа може да се надмине со дијалог со раководството на ЈП „Паркови и зеленило“, но за жал не наидовме на разбирање, изјави Кашиковски. 

Реклама

Најави дека в петок вработените во овие три фирми заедно со Синдикатот на СУТКОЗ ќе донесат одлука за понатамошниот тек на протестите поради несплатената септемвриска плата и поради неисплатените јубилејни награди, регрес за годишен одмор и останати додатоци на плати. Посочи дека како Синдикат СУТКОЗ во изминатиот период ја информирале јавноста дека сегашното финансирање на ЈП „Паркови и зеленило“ е неодржливо и очекуваат од новото раковостство на Град Скопје, веднаш по завршување на изборите, да одржат средба на која, како што рече, ние ќе ги изнесеме нашите размисли и поучени од искуството од финансирање на вакви и слични претпријатија во регионот. 

Кашиковски информира дека основната дејност на ЈП „Паркови и зеленило“ се состои од два дела. Едниот дел е подигнување ново зеленило, а другиот дел е одржување на постојното јавно зеленило на територија на Град Скопје. Како пр. наведе дека во 2022 година работниците од ЈП „Паркови и зеленило“ работеле на одржување на јавното зеленило во износ од 383 милиони денари, но, преку сметките за вода каде се наплаќа тој надомест за одржување на јавното зеленило се наплатени околу 240 милиони денари. Се појавува недостиг за тоа што е сработено и тоа што како услуга го дале, а не успеале да наплаат околу 140 милиони денари.   

– Сметаме дека е можно да се изнајде нов начин на финансирање, потенцира Кашиковски. 

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ нема да протестираат в четврток зошто е државен празник, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.