Реклама
Прилози

🎥 Вработените од ”Флора” и ”Луна Парк” ќеркинските фирми на ”Ј. П. Паркови и Зеленило” повторно излегоа на протест

Вработените од ”Флора” и ”Луна Парк” ќеркинските фирми на ”Ј. П. Паркови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработените од ”Флора” и ”Луна Парк” ќеркинските фирми на ”Ј. П. Паркови и Зеленило” повторно излегоа на протест

И покрај притисоците од раководството на ‘’Ј.П. Паркови и зеленило’’ вработените од доелите ‘’Флора’’ и ‘’Луна Парк’’ повторно излегоа на протест. Нивните барања се јасни – исплата на двете заостанати плати и придонеси. Ако плата не добијат до утре, за во понеделник најавија нови помасовни блокади.  

‘’Ние како синдикат СУТКОЗ, кој е единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности, со оглед на тоа дека заврши летната ферија во судовите,  од понеделник, поради тоа што со неисплатата на платите и здравственото осигурување на вработените во овие две фирми и на нивните семејства им е загрозено здравјето ќе поднесеме соодветни поднесоци, односно кривични пријави и тужби против раководството односно директорот на ‘’Ј.П. Паркови и зеленило’’

Реклама

Од страната на советот на Град Скопје, пред две недели, се изгласани субвенции во износ од 80 милиони денари, кој што се доволни  за испата на двете плати на овие 62цата вработени, од двете сестрински фирми. А тие финансии се доволни и за исплата на сите плати за вработените од ‘’Ј.П. Паркови и зеленило’’, велат од синдикатот.

‘’ Не разбираме зошто и покрај изгласаните субвенции и покрај обезбедените пари од страна на советот на град Скопје, раководството на Град Скопје, и назначениот директор во Ј.П. Паркови и Зеленило Скопје, од страна на градоначалничката не преземаат мерки да го решат овој проблем и на овие вработени да им се исплатат платите за да не мора истите, на овие пеколни температури, да протестираат и дополнително да го загрозуваат своето здравје’’

Ако Данела Арсовска не им ја исплати заслужената и одработена плата, со поддршка на вработените од паркови и зеленило, но и со своите семејства во понеделник ќе блокираат, а не ја исклучуваат ни можноста да повикаат на штрајк заедно со околу 700тини вработени во паркови и зеленило.

Новинар Кристијан Ниновски