Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Вработени во малите групни домови заразени со Ковод 19, се жалат ги терале одат на работа – директорката молчи

Не тераа да одиме на работа, иако бевме суспективни, а сега и…

Сподели:

Не тераа да одиме на работа, иако бевме суспективни, а сега и позитивни на Ковид 19, се жалат дел од вработените кои работат во малите групни домови за деца без родители. Дел од нив, за Алфа велат дека во еден дом од 13 лица кои живеат и работат таму, позитивни на Корона се 9 лица, од кои 4 деца и 5 вработени.  Надредените ги принудиле и болни да работат со некакво објаснување и онака сите во домот се позитивни па поради тоа не било ризично. Со тоа, велат, ем се крши законот ем ние не сме безбедни.

Иако бевме суспектни, а после и позитивни директорката не принудуваше да одиме на работа, наводно така се договорила со епидемиолозите.

Велат дека се разочарани од односот кој го имаат нивните надредени кон децата и вработените.

Реклама

Дали домот сега е затворен, нема одговор. Според наши избори заболените деца сега се во болницата во Козле, но оттаму се уште не кажуваат дали и колку деца од домовите се примерни кај нив.

Алфа побара одговор од директорката на домот, дали и зошто ги терала вработените да одат на работа и каде се сега децата. Таа побара да испратиме прашања на мејл, но одговор до сега не даде.

Одговори за оваа ситуација во малите групни домови побаравме и од надлежниот инспекторат , од каде не упатија за информации во ресорното министерство.

Инспекторатот издава решенија на лица позитивни на Ковид, по добиен извештај од Институтот за јавно здравје. За другите прашања обратете се до министерството.

И од министерството конкретен одговор за принудата не добивме. Ни кажаа само дека сите заболени од малите групни домови со во добра здравствена состојба и добиваат соодветна здравствена грижа.

Случајот со заболените деца и вработени покажува дека вирусот не одминува никого во општеството, но пандемијата со ковид-19 уште еднаш ја потврува исправноста на посветенота на Министерството на процесот на деинституционализација во изминатите три години. Можностите да се спречи натамошното ширење на заразата помеѓу деца згрижени во одделни групни домови и вработените во нив се далеку поголеми одошто би било кога децата, како во претходниот период, би биле заедно сместени во една голема институција.

Покрај тоа што дел децата и вработените се заразени, од Домот алармираа и дека долго време немале маски и гелови за дезинфекција, иако министерството за Алфа вели дека тие обезбедиле се што е потребно.

Мери Ѓорѓиевска