Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Вонредно прскање против комарци по епидемијата на Западно-нилска треска

Вклучен е  алармот за справување со комарците. По прогласувањето на епидемија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вклучен е  алармот за справување со комарците. По прогласувањето на епидемија на западно-нилска треска, засилено се преземаат мерки за контрола на комарците, како  главни преносители на вирусот. За да се намали бројот  и спречи   ширењето  на инфекцијата, се спроведуваат вонредни активности за дезинсекција. Прскањето ќе се спроведува на критичните и најзагрозените подрачја. Две вонредни прскања  се веќе извршени во општините кои имаат најголем број на инфицирани од Западно-нилска треска.   До сега два пати  е прскано во населбата Драчево и во селото Драчево. 

-Во вечерните часови ќе биде второто прскање во Драчево адултицидна ларвицидна веќе е направена и проолжуваме кон Долно Лисиче и територијата на Гази Баба вонредна епидемиска мерка. Од следната недела понеделнички планирано е да се спровде и вонедна терестичка дезинсекција на територија на Општина Зелениково–истакна Николина Соколовска- медицински ентомолог од ЦЈЗ.

Од Центарот за јавно здравје велат  дека ќе биде опфатена  и целата територија на општина Зелениково. Додаваат дека со вонредно прскање против комарци ќе бидат опфатени и општините каде има помал број на заразени.

Реклама

-За Бутел и Аеродром бидејќи има поединечни случаи против епидемиски мерки има само околу оболените пациенти во растојание од двеста метри. Ќе ја следиме состојбта ќе видиме како е  и ако има потреба нормално ќе се повтори–истакна Николина Соколовска- медицински ентомолог од ЦЈЗ

 Надлежните апелираат до граѓаните да придонесат во намалувањето на бројот на комарци, со отстранување на застоената вода од дворовите, терасите и другите места каде што може да се создаваат легла. Инаку досега  во земјава се потврдени 30 случаи со западнонилска треска,   за двајца во тек се лабораториските анализи потврдија за Алфа од Центарот за јавно здравје. Пет пациенти сеуште се во критична состојба и се интубирани, сите пет се повозрасни и се со пропратни хронични болести. Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец. Кај поголем дел до заразените инфекцијата може да помине без симптоми или со лесна клиничка слика, но кај повозрасните и лицата со ослабен имунитет постои ризик од тешки невролошки компликации.