Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Водата од Масалница ризична за патот Оризари – Добра Вода, екипи со механизација се на терен

По пријава од жителите на селото Оризари за забележани напукнувања на асфалтот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По пријава од жителите на селото Оризари за забележани напукнувања на асфалтот на патот што води кон месноста Добра Вода, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и директорот на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ Дејан Анакиев денеска излегоа на терен за увид во состојбата и преземање итни мерки за заштита.

Поради сериозното надоаѓање на водата и опасноста од оштетување на патната инфраструктура, ангажирана е механизација којашто е спуштена во речното корито со цел да се регулира текот на Масалница и да се спречи натамошното поткопување и евентуалните штети.

– Безбедноста на граѓаните и заштитата на инфраструктурата се наш приоритет. Веднаш по добиената информација излеговме на терен и ангажиравме механизација за да се стабилизира коритото и да се спречат поголеми последици. Состојбата постојано се следи и ќе преземеме дополнителни мерки доколку има потреба, вели градоначалникот Грозданов.

Реклама

Според кажувањата на мештаните, вакво надоаѓање на водата не паметат повеќе од 20 години, а на одредени места длабочината на Масалница достигнува и до 1,5 метар, што дополнително ја усложнува состојбата на терен.

Надлежните служби остануваат на терен и ја следат состојбата, а Општина Кочани апелира до граѓаните на внимателност и навремено пријавување евентуални нови проблеми.