Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Свет

VOA за Алфа: САД размислува за враќање на животот во нормала

Во Соединетите Држави се уште се води жестока дебата за отворањето на…

Сподели:

Во Соединетите Држави се уште се води жестока дебата за отворањето на економијата, враќањето во училишните клупи, но дури и за носењето на заштитни маски. Различни сојузни држави имаат целосно различен пристап за овие прашања.

Walmart, Target, Walgreens, CVS, Best Buy, Starbucks – дел од најголемите трговски синџири во САД воведоа протоколи со кои бараат сите муштерии задолжително да носат заштитна маска додека се во нивните објекти.

Голем дел од јавноста го поддржува и го практикува носењето маски. Сепак, се уште има отпор, па дури и инциденти.

Реклама

Најсериозниот се случи во сојузната држава Мичиген оваа недела. 43 годишник беше застрелан од полицијата откако прободе 77 годишен старец кој му рекол дека мора да носи маска во локалната продавница. Кога заменик – шерифот се обидел да го уапси, напаѓачот му се нафрлил со ножот и нему по што бил застрелан.

Снимки од повеќе други, помали инциденти и караници се појавија на социјалните мрежи.

Здравствените експерти се децидни – носењето маска го намалува ширењето на вирусот.

“Вистина е дека некои маски филтрираат поголем или помал дел од вирусните честички, но сите маски го филтрираат најголемиот дел од вирусните честички.” – вели, д-р Моника Ганди, професор по медицина на Универзитетот на Сан Франциско.

Сепак, на федерално ниво засега има само препорака а не и наредба за носење на маска. Во над 20 од 50-те сојузни држави тоа е задолжително во затворени простории, во неколку дури и на отворено.

“Мислам дека ако сите носат маска, за шест до осум недели можеме да ја ставиме епидемијата под контрола.” – тврди Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола на болести.

Претседателот Доналд Трамп испраќа мешани пораки – минатиот викенд прв пат се појави со маска при официјална посета на болница во главниот град, но неколку дена подоцна, во Атланта, не носеше заштита.

Бројот на потврдени случаи во САД надмина 3.5 милиони, од кои над 137 илјади се починати.

Зрак надеж е информацијата од американската фармацевтска компанија „Модерна“. Оттаму велат дека се се поблизу до вакцина.

“Нашите податоци покажуваат дека колку поголема доза даваме толку е поголем имунолошкиот одговор. Мислам дека тоа ни овозможи добро да дефинираме оптимална доза за она што се вика доцна или трета фаза од испитувањата.” – вели Тал Закс, главен лекар во “Модерна”.

Во меѓувреме Белата Куќа воведе нов протокол за пријавување на инфицирани – болниците ќе ги доставуваат податоците директно до федералниот Оддел за здравство а не како досега до Центрите за контрола на болести. Администрацијата уверува дека тоа се прави за да се забрза постапката.

САД регистрираат по 60 до 70 илјади нови случаи на корона вирус секој ден. Најкритично е во јужните сојузни држави Флорида и Тексас. За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.

 

Никола Крстиќ