Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Во завршна фаза на подготовка нови и стратешки важни предлог-закони за геологија и рударство

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини попладнево информира дека во завршна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини попладнево информира дека во завршна фаза на подготовка се два нови, современи и стратешки важни предлог-закони: Предлог-закон за геологија и Предлог-закон за рударство.

-Со нив се заменува постоечкиот Закон за минерални суровини, а нивната подготовка претставува темелна, институционална и стручно заснована реформа, изработена од експерти од самото Министерство. Законот е целосно усогласен со европската регулатива. Предлог-законите се во согласност со најдобрите европски практики и ја транспонираат REGULATION (EU) 2024/1252 од 11.04.2024 година.

Од 28 јули, годинава, двата предлог-закона се достапни на ЕНЕР (електронски национален регистар на прописи), каде ќе бидат до 28 август, за јавен увид и разменување мислења, предлози и забелешки од сите засегнати страни, се наведува во соопштението.

Реклама

Од Министерството ги повикуваат сите чинители – експерти, општини, компании, граѓански организации и поединци – активно да се вклучат. Ова е можност, како што велат, за сите засегнати страни да влијаат врз креирањето на правила што ќе го уредат секторот на геологијата и рударството на долгорочно ниво.

– Целта е заеднички да се изгради најдобро можно законско решение што ќе обезбеди подобра заштита на животната средина: строги еколошки стандарди при истражувањето, експлоатацијата и преработката на минералните суровини, обврска за санација и рекултивација на терените по завршување на рударските активности, можност за преработка и искористување на минералната суровина од старите одлагалишта. Поддршка на локалните заедници: најголемиот дел од надоместоците за минерални суровини и приходите од рударството да остануваат во општините каде што се врши експлоатацијата, обврски за компаниите да инвестираат во локалната инфраструктура и социјален развој, вклучување на заедниците во процесите на одлучување. Поголема контрола и транспарентност: ефикасна регулација на рударскиот секторот со овие законски решенија што ќе обезбеди подобра заштита на природните ресурси, јавноста ќе има поголем увид во процесот на доделување концесии, посилен надзор од државни институции, се додава во соопштението.

Исто така, како што се наведува, целта е и да се обезбеди и поголема економска корист за државата: повисоки такси и рударски надоместоци, прецизно дефинирани права и обврски на концесионерите, поттикнување на домашни и одржливи инвестиции, унапредување на економскиот потенцијал што го носи рударството.

Според Министерството, треба да се обезбеди и спречување на нелегалната експлоатација: борба против „диви рудници“ и незаконско ископување, контрола на количината и квалитетот на ископаната минерална суровина, како и најстроги казни за прекршувања и злоупотреби.