Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес заедно со министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, изврши увид во градежните активности за комплетната реконструкција на спортската сала „Расадник“.

Tемелната обнова на оваа култна сала, која долги години беше оставена во руинирана состојба, се одвива со забрзана динамика. На реконструкцијата, која започна кон крајот на 2024 година и е финансирана од Министерството за спорт, ѝ претходеше комплексна правна постапка што целосно ја спроведе Општина Кисела Вода, вклучувајќи го и финансирањето и нарачката на проектот за целосна реконструкција.

-Денес, заедно со министерот Борко Ристовски, направивме детален увид во тековните градежни активности во салата “Расадник”. Како локална самоуправа, Општина Кисела Вода ,тогаш предводена од мојот претходник Ѓорѓиевски, ја водеше целата постапка, од правната подготовка до изработката на проектот, со што беа обезбедени услови овој процес да започне и успешно да се реализира. Задоволна сум од тоа што го видовме на терен и од степенот на досега извршените работи. Искрено сум му благодарна на министерот Ристовски за обезбедените средства од Министерството за спорт, затоа што токму ваквата силна институционална поддршка овозможува “Расадник” конечно да се обнови и да го врати своето вистинско место во спортскиот живот на општината.

Реклама

Голема благодарност упатувам и до Владата на Република Македонија и премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, чии заложби за унапредување на спортот и спортската инфраструктура се видливи токму преку вакви капитални проекти. Тука навистина гледаме како се менува приказната, од објект кој со години пропаѓаше и претставуваше срамен пример за негрижа, “Расадник” повторно ќе стане место каде што ќе се собираат граѓаните, ќе се слави спортот и ќе се раѓаат нови спортски имиња, како што беше случај и во минатото.

Оваа сала некогаш беше дом на спортскиот клуб „Вардар“ и искрено се надевам дека повторно ќе го добие тој статус, затоа што „Расадник“ не е само објект, туку и емоција, традиција и симбол за многу генерации од Кисела Вода- изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Вредноста на реконструкцијата изнесува 120 милиони денари. Реконструкцијата на салата треба да заврши до крајот на декември годинава, додека партерното уредување ќе биде завршено во текот на следната година.