Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Во законодавниот дом дводневна Национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ

Во Законодавниот дом попладнево ќе се одржи дводневна Национална дебата за улогата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Законодавниот дом попладнево ќе се одржи дводневна Национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на првата Пленарна сесија на тема „Моделот на вклучување на Собранието во процесот на пристапување кон ЕУ“ ќе говорат претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, Зоран Димитровски, заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија, Фани Каранфилова-Пановска, заменик-претседателка на СДСМ, Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦРПМ и Гордан Георгиев, поранешен пратеник и претседател на Форумот за разумни политики.

На утрешната втора Пленарна сесија тема „Работните тела на Собранието на Република Северна Македонија и процесот на пристапување кон ЕУ“ ќе се обраќаат Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Ели Панова, членка на Комисијата за европски прашања, Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи и Цветанка Иванова, поранешна генерална секретарка на Собранието.