Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Во училишта со полски тоалети и без интернет, ќе се спровердува дигитализација ?!

      Полски тоалети без вода и надвор од малата, подзакрпена училишна зграда,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      Полски тоалети без вода и надвор од малата, подзакрпена училишна зграда, со струја која прекинува при првата посилна грмотевица, со слаб или никаков интернет и со неколку неисправни таблети, се условите во ОУ „Пере Тошев“, во долненското село Дреновци, во кое учат дваесетина деца од прво до петто оделение. Идејата да се воведе дигитално образование, подеднакво ги вознемирува и наставниците, и учениците, а особено родителите од повеќедетните семејства. Наставниците си ги бараат старите стандарди кои, велат, носеле вистинско образование и воспитание, а додека родителите пак, тврдат дека дигитално образование во руралните средини било еднакво на невозможна мисија. 

    „Имам овде три деца ми учат. Двете учат овде, а едното учи во Дупјачани..Тешки се условите, многу се тешки. Еве сами гледате какво е училиштето, патот и се…вода нема во селово….Јас како родител еве, имам три деца – дигитализација, на сите три комјутери јас не можам да им купам..немаме услови, како ќе му купиме, еден компјутер е 30.000, три деца – 100.000 за компјутери, кај ќе учат децата, тие не знаат што учат со наставници, па не така?!..Интеренетите кочат, слабо со интернети…учителите на тоа што ми учи шесто му кочи комјутерот, му викаат оти не се приклучуваш, а тоа плачи, не може да се приклучи“, – ни ја раскажа својата загриженост таткото Жарко Перески.

   „Кај нас нема за обична настава, па не дигитална…напати нема ни струја, нема ни интернет, ..таман пола часот ќе го изучат децата, прекинува струјата..какво учење е тоа ?! Никакво!!! Треба да си учат од книги, да се дружат…“, – вели Гоце Спиркоски.

Реклама

    Директорот на училиштето, Адмир Кадриески, признава дека условите во училиштето не се најсјани. Но, вели дека тие правеле се што е во нивна можност со скромните средства што ги имале. Престојната дигитализиација, не сакаше да ја коментира. Вели, ќе ги следеле напатствијата од Министерството.

      Инаку, селото Дреновци е живо село. Има околу 250 жители, од кои дури 90 се деца до 18 години. Се наоѓа на 20-тина километри од Прилеп. До него се доаѓа по очајно лош пат, кој не е саниран со години и кој заедно со недостигот од и онака неисправната вода за пиење, им е огромен проблем. Лути се на општинските власти, бидејќи, велат, досега никој не дошол ни да ги посети, а камо ли ги реши нивните маки.

Каролина Дурло