Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Во Тетово во сообраќајна контрола, едно лице лишено од слобода, одземен еден мопед и едно лесно електрично возило

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи синоќа изрекла 50 санкции во акциска контрола на подрачјето на Тетово, за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, која била спроведена во периодот од 17:00 до 23:00 часот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на санкции, девет биле изречени за возачи на лесни електрични возила (тротинети), 31 за управување мопед и мотоцикл без заштитен шлем (кацига), една за изминат рок на важност на осигурителна полиса, една за истечена важност на регистрацијата на мотоцикл, една за управување без соодветна категорија, една за управување под дејство на алкохол, една за други прекршоци сторени од возачи на мопеди и мотоцикли, три мерки за останати сообраќајни прекршоци и едно барање за правно лице.

Од МВР посочуваат дека едно лице е лишено од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – управување со моторно возило (мопед) без да поседува возачка дозвола, а притоа мопедот е одземен.

Реклама

-Привремено одземено е и едно лесно електрично возило (тротинет), бидејќи било управувано од дете кое превезувало друго лице – велат од Министерството.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.