Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Во тек е конкурсот за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“

Општина Велес распиша конкурс за доделување актерска награда за животно дело „Петре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Велес распиша конкурс за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“. На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност, како драмски уметници, национални и локални  институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Македонија.

Кандидатите треба да се професионални драмски актери, државјани на Македонија. Конкурсот е во тек, а  крајниот рок за доставување на предлози е 12 март 2026 година, најдоцна до 15:00 часот во Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1 400 Велес, лично или по пошта.  За предлозите испратени по пошта, краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во гореспоменатиот рок за предавање.

Како што се наведува во конкурсот, приоритет имаат драмските актери од средната генерација. На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си.    

Реклама
Во време кога е снимен филмот ‘Мис Стон’, Петре Приличко имал 51 година, а вистинскиот Мандана во време на аферата „мис Стон“ имал 26 години. Во филмот, Прличко загинува обидувајќи се да ја с

Предлогот за кандидатот на конкурсот треба да содржи: пријава за кандидатот од предлагачот, биографија на кандидатот што ги содржи сите досегашни професионални остварувања во областа на драмската уметност и евентуалните награди и признанија, фотографија на кандидатот и образложение од предлагачот за пријавување на кандидатот на конкурсот.

На конкурсот се доделува една награда. Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.

Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот на прес-конференција во Општина Велес,  најдоцна  пет дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.

Наградата се доделува од 2006 година, а прв ја доби актерт Благоја Спиркоски Џумерко, а лани ја доби актерката на Велешкиот театар Слободанка Чичевска.