Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Во Собранието седници ќе одржат повеќе комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност, како и Законодавно-правната комисија. Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлогот на законот за високи раководители, во прво читање, додека Комисијата за економски […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност, како и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлогот на законот за високи раководители, во прво читање, додека Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе ги разгледува – Предлогот на законот за користење на енергијата од обновливи извори и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила, исто така во прво читање. 

Со измените на Законот за возила, се утврдуваат условите за пуштање на пазар и почетокот на користење на возилата, регистрацијата и техничката исправност на возилата, условите за извршување на работи на техничките служби, правните лица за технички преглед и правните лица за регистрација и регистарот на податоци за возилата. Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за возила  е да се прецизира постапката за добивање овластување на правно лице за вршење технички преглед на возила да врши продолжување на регистрација на возила и се предвидува основ за донесување подзаконски пропис со кој поблиску ќе се уреди вршењето на работите за продолжување на регистрација на возила.

Реклама

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледуваат Предлог на закон за судска служба и Предлог на закон за јавнообвинителска служба, во прво читање. Со предлог-законот за судска служба се уредува посебниот статус на вработените во судската служба и тоа посебните државни службеници- судски службеници, државните службеници, судската полиција и помошно техничкиот персонал. Предлогот на закон се заснова врз начелата на законитост, професионалност, одговорност, ефикасност, економичност и транспарентност.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е предлог на закон за оружјето, во прво читање. Со предложениот закон се врши дефинирање на голем број поими кои се користат во Законот кои се целосно усогласени со ЕУ регулативата, како и целосно ревидирање на одредбата која се однесува на категоризација на оружјето, а со цел усогласување со европската регулатива од областа на оружјето.

Со Предлогот на Законот, исто така, се вршат и техничко-терминолошки прецизирања на Законот, надминување на практичните проблеми со кои се соочуваат надлежните служби на Министерството за внатрешни работи, како и содржинско и нормативно-правно унапредување на законските решенија во правец на нивна доследна практична примена.