Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Во Собранието пратениците од опозицијата ќе им поставуваат прашања на премиерот и министрите

Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници. 

На предлог на дневниот ред на 70. седница се верификација на мандат на пратеници во Собранието, предлог за именување на член на Фискалниот совет, избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, под архивски број 08-4406/1, избор на членови на Националниот совет за високото обрзование и научно-истражувачата дејност, под архивски број 08-5175/1,  предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата, Предлогот на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Република Азербејџан за ослободување од визи на носителите на дипломатски и службени пасоши и Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, 

Во прво читање на седницата се изменувањата и дополнувањата на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за гранична контрола и Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Македонија – Скопје.

Реклама

По завршувањето на 70. седница, Собранието треба да одржи продолжение на 19. седница, од чиј дневен ред преостанати за разгледување се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година  и Предлог одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година.