Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат седум комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат седум комисии – Комисијата за политички систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат седум комисии – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за култура и туризам и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог на законот за изменување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, сите по скратена постапка и Предлог на законот за дополнување на Законот за државните награди во прво читање.

На Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, Предлог на законот за изменување на Законот за педагошката служба и Предлог на законот за изменување на Законот за бирото за развој на образованието, сите по скратена постапка.

Реклама

На Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог на Законот за заштита на критична цивилна инфраструктура, во прво читање.

Членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ќе расправааат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Закон за заштита на децата, во прво читање.

На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, во прво читање.

Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, и двата по скратена постапка.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по  Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Предлог на законот за дополнување на Законот за данокот на личен доход, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог на законот за дополнување на Законот за државните награди, Предлог на Законот за заштита на критична цивилна инфраструктура, Предлог на законот за изменување и дополнување на Закон за заштита на децата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, сите во прво читање и Предлог на закоот за изменување и дополнување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, Предлог на законот за изменување на Законот за педагошката служба, Предлог на законот за изменување на Законот за бирото за развој на образованието, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, Предлог на законот за изменување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, си по скратена постапка. Ком8исијата ќе разгледува и неколку барања за давање на автентично толкување на одредби од повеќе закони – Барањето за давање на автентично толкување на одредбите од член 150 став 1 од Законот за работните односи, поднесено од градоначалникот на општина Радовиш, Барањето за давање на автентично толкување на член 25 став 1 точка 9 од Законот за даноци на имот, поднесено од градоначалникот на Општина Виница и Барање за давање на автентично толкување на член 116 став (1) од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија” број 82/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/19, 178/21 и 58/24), поднесено од пратеникот Антонијо Милошоски.