Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за економски прашања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, и двата во прво читање.

Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, поднесен од пратеничката група на СДСМ, се предлага минималната плата да се зголеми на 36.960 денари.

Реклама

Целта на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи – Прво читање, поднесен од пратеничката група на СДСМ, е да се уреди правото на работниците на годишен одмор и начинот на негово користење, со цел заштита на здравјето, работната способност и социјалната сигурност на работниците. Со изменувањето се овозможува користење на годишен одмор и после 30 јуни идната година во целост по престанокот на причините за отсуство, но до крајот на идната календарска година, како и да се обезбеди непречено остварување на правото на отсуство поради бременост, раѓање и родителство и во случаите кога работничката не ги исполнува условите за надоместок на плата согласно со прописите за здравствено осигурување.

Н дневен  ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина во прво читање, чија цел е транспонирање на Директивата 2014/52/ЕУ со што ќе се зајакне квалитетот на постапката за оцена на влијание врз животната средина односно ќе се осигура дека заштитата на животната средина е подобрена, ефективноста на ресурсите е зголемена и одржливито развој е подржан.