Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Во Собранието доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

Во Кристалната сала на Собранието на Македонија денеска беше доделена државната награда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Кристалната сала на Собранието на Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија.

Годинава за остварување во областа на културата и уметноста наградата им беше доделена на актерот Гоце Тодоровски,  на писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, на поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и на писателот, академик Божин Павловски.

Реклама

На доделувањето на наградата присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.