Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат две комисии, сесија на Комисијата за европски прашања

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Постојаната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Исто така, собраниската Комисија за еврoпски прашања ќе одржи сесија на која ќе бидат презентирани клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Меѓународната заедница – Транспортна заедница. 

Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година, Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година, Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година и Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година.

На дневен ред на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот се Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2025 година, Годишниот извештај за работата на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2024 година, Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2024 година, Годишниот извештај за работата на Комисија за паричен надомест на жртви од кривично дело со насилство во 2024 година.

Реклама

Клубот за младински прашања и политики во Собранието ќе одржи средба со претставници на Вестминстер фондација за демократија.