Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во Скопје започна Балкански форум за истражување на опасен отпад и стратегии за санација на депонии, во организација на ХЕПА

Во Скопје започна Балкански форум за опасен отпад и санација на депонии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје започна Балкански форум за опасен отпад и санација на депонии

Денеска во Скопје се одржа Балканскиот форум за истражување на опасен отпад и стратегии за санација на депонии, организиран од Канцеларијата на Унгарската трговска комора во Скопје (HEPA – Hungarian Export Promotion Agency).

На конференцијата присуствуваа околу 35 учесници, а настанот беше организиран од HEPA Будимпешта и нејзините балкански канцеларии, Грин Тим (Скопје), Институт МОЛ (Стара Пазова), ПАЛОТА (Будимпешта) и KEXPORT – Унгарски еколошки извозен кластер.

Реклама

Проектот има за цел да поттикне истражување на индустриски локации со историски депонии со опасен отпад во земјите од Западен Балкан. Главни цели се идентификување и проценка на контаминирани подрачја, разработка на иновативни решенија за нивна санација и искористување на достапните ЕУ-фондови.

Целната група на форумот ги вклучува сите засегнати страни од областа на заштита на животната средина, циркуларната економија, управување со отпад и можности за финансирање – претставници на институции, бизнис секторот и граѓански организации од земјите од регионот.

Како што информираа организаторите, акцентот на конференцијата беше ставен на мелиорација на стари и напуштени индустриски зони, како и на решенијата за финансирање преку европски фондови.

Професорот Михаил Кочубовски, кој со години се занимава со истражувања за влијанието на опасниот отпад врз здравјето и животната средина, изрази задоволство што ваков настан се одржува во Македонија. Тој посочи дека земјата е во фаза на подготовка на нов Закон за заштита на почви, кој значително ќе придонесе за оваа област.

Професорот Илија Брчевски од Хемискиот факултет во Белград, исто така, го поздрави настанот, нагласувајќи дека опасниот отпад претставува сериозен предизвик.

„Присутни се претставници од девет земји, и ова не е само конференција – ова е почеток на размена на искуства, технологии и можности. Очекувам дека и Македонија ќе воспостави систем за мониторинг и безбедно управување со отпадот. Станува збор за многу сериозни процеси кои бараат време и вложувања од државата“, изјави Брчевски.