Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Во Скопје воведен настан за претставување на „Експо 2027 Белград“, македонскиот павилјон ќе настапи со мотото „Сите ритми на сонцето“

Отворен ден, на кој ќе бидат презентирани можностите за учество и соработка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворен ден, на кој ќе бидат презентирани можностите за учество и соработка, ќе се одржи в четврток во организација на „Експо 2027 Белград“, во соработка со македонскиот павилјон „Сите ритми на сонцето“ (All Rhythms of the Sun).

Првиот воведен настан, посветен на претставувањето на проектот „Експо 2027 Белград“, на кој ќе бидат презентирани визијата на претстојната специјализирана изложба, можностите за соработка и вмрежување, како и перспективите што „Експо“ ги нуди во повеќе области, ќе се одржи в четврток во „Јавна соба“, во периодот од 12 до 15 часот. 

Директорот на „Експо 2027 Белград“, Данило Јериниќ, ќе го отвори настанот со поздравно обраќање и претставување на промотивното видео.

Реклама

Потоа следува сесијата „Како да учествувате на ‘Експо 2027’ преку програми“, на која ќе бидат претставени можностите во рамките на програмата за образовни институции, организации, спортски федерации и партнери. За програмата и содржината ќе говори Марина Пејовиќ, координаторка во тимот за програма и содржина, по што е предвидена сесија со прашања и одговори.

Следува сесијата „Експо 2027 како деловна платформа“, посветена на поврзувањето на глобалните економии и развивањето нови партнерства. Презентацијата ќе ја има Оливера Ковачевиќ, координаторка во тимот за програма и содржина, по што ќе следува сесија со прашања и одговори.

Во 13.30 часот ќе биде претставено промотивното видео за Македонија, видео на повеќе јазици со кое се промовира македонскиот вински сектор.

Следува презентација за туристичкиот сектор, односно за излезниот туризам, проследена со вмрежување. На сесијата ќе учествуваат тимот на „Експо“, туристички институции и даватели на услуги за влезен туризам, македонски агенции за излезен туризам и други учесници.

Во пресрет на настанот, претходно, во 10 часот е предвидена неформална средба со претставници на „Експо“, на која медиумските претставници ќе имаат можност за директна средба, како и интервју со Данило Јериниќ, директор на „Експо 2027 Белград“.

По неформалната средба, следува прес-конференција, на која ќе се обратат директорот Јериниќ и Александар Велиновски, комесар на македонскиот павилјон.

„Експо 2027 Белград“ е специјализирана изложба, која ќе ги поврзе земјите, институциите, организациите и деловниот сектор, со можности за воспоставување нови партнерства и соработка, како и за презентација на разни области, меѓу кои образованието, спортот, економијата и туризмот.

Линк за регистрација Линк до медиумски кит: https://www.swisstransfer.com/dl/01a0f7df-a69e-726c-b3a0-1d72cab62c01