Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Во Скопје регистрирани 312 случаи на голема кашлица, се следи состојбата во Куманово

Вкупно 312 случаи на голема кашлица се регистрирани во Скопје годинава, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 312 случаи на голема кашлица се регистрирани во Скопје годинава, за МИА утрово потврди доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Во главниот град на државава се уште е во тек епидемијата на пертусис или народски кажано голема кашлица

Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА рече дека се следи состојбата со голема кашлица и во Куманово, каде има зголемување на бројот случаи.

– Во врска со пертусисот, се забележува зголемување на бројот случаи во Куманово. Комисијата за заразни болести ја следи состојбата и доколку има потреба од дополнителни мерки, истите ќе ги препорача, нагласи Мехмедовиќ.

Реклама

Тој кажа оти нема зголемување на бројот случаи регистрирани со грип или болест што наликува на грипот.

– Се работи за вообичаена фреквенција на новодетектирани, заболени во овој период од годината. Тоа не е нешто што треба да не загрижува, додаде Мехмедовиќ.

Центарот за јавно здравје Куманово вчера прогласи епидемија на пертусис на ниво на ова подрачје.