Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Во Штип средба на девет ректори на универзитети, кои се дел од европската универзитетска Алијанса ACE2EU

Девет ректори на универзитети, членки на европската универзитетска Алијанса ACE2EU, денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Девет ректори на универзитети, членки на европската универзитетска Алијанса ACE2EU, денеска во Штип разговараа за формирање заеднички правен субјект. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски вели дека седиштето на Алијансата се планира да биде регистрирано во Брисел, а во текот на наредната година да стане целосно оперативно. 

-Тука се сите ректори од деветте партнерски универзитети. Во моментот ги разговараме оперативните организациони активности, околу формирањето на заедничкото правно лице, односно дефинирање на статутот на тоа правно лице, до потпишување на договорите за формирање на правното лице, како и придружните документи од аспект на лични податоци, заштита на личните  податоци, органиација на сите активности, кои што се потребни за да се реализира и профункционира правното лице во иднина. Истовремено се разговара како што кажав на повеќе активности, организација студиски програми, ќе почнеме најверојатно со докторски студии во областа на здравството, пред се мобилности, начинот на размена на подобрување на мобилностите и на студентите и на персоналот-изјави Мираковски. 

Ректори на универзитети од Литванија и Полска, кои беа на состанок велат дека целата на соработка е зближување помеѓу нив, со тенденција тоа да биде трајно. Велат досега има 64 европски Алијанси, а особено постои голем интерес за применетите науки.

Реклама

-Креирањето на европските универзитетски алијанси претставува додадена вредност во рамките на европската унија. Досега има 64 европски алијанси и особео постои голем интерес за применетите науки. Преку конструрирање на овој заеднички интитет ние даваме кохезија, ги слотуваме нашите ресурси, се со цел направиме нешто повеќе и што ќе виде позначајно во рамките на високото образование- вели Лина Герецкена, ректор од Литванија. 

 Ректорите на европски универзитети разговаара и за  начинот на размена и подобрување на мобилностите и на студентите, професорите и на вработените.