Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Во Штип продолжи судењето за Стојанче Зарков, обвинет за убиството на својата 84-годишна мајка

Во Основниот суд во Штип денеска продолжи судењето за Стојанче Зарков, обвинет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот суд во Штип денеска продолжи судењето за Стојанче Зарков, обвинет за убиството на својата 84-годишна мајка. И на денешното рочиште тој изјави дека не се сеќава дали ја убил. Според неговото сведочење, на 8 август минатата година купил храна и лекови за мајка му, излегол на кафе и навечер се вратил дома со такси.

Тврди дека бил во друга соба кога таа почнала да вика, а кога влегол забележал дека ѝ тече крв од вратот, по што повикал Итна помош. Рече дека не се чувствува виновен за смртта на мајка му, иако кобната вечер, кога се јавил во ЦУК да побара помош, рекол дека несакaјќи ја прободел мајка му и не знае дали ќе преживее. Денеска рече дека не се сеќава на тоа, а потврди и дека има проблем со алкохолот.

Настанот се случи лани во август, во семејната куќа во Штип, во која живееле синот и мајката.