Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Во Штип одбележана неделата на имунизацијата

Лекарите и медицинскиот персонал од штипскиот Здравствен дом „Панче Караѓозов“ денеска ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лекарите и медицинскиот персонал од штипскиот Здравствен дом „Панче Караѓозов“ денеска ја одбележа европската недела на имунизацијата. Со делење на едукативен материјал и пригодна програма на Градскиот плоштад „Слобода“ здравствените работници порачаа дека вакцините се најсилната заштита од опасни заразни болести и не се важни само за децата, туку и за повозрасните генерации. 

-Денеска ја одбележуваме Европската недела на имунизацијата. Го одбравме Градскиот плоштад во Штип, за да бидеме поблиску до граѓаните, да ги запознаеме со придобивките од вакцинацијата, да поделиме рекламен материјал – флаери. Знаете вакцините најчесто асоцираат на најмладата возраст, но  како што кажав, вакцините делуваат на секоја генерација, така што се опфатени и повозрасните генерации, како средношколската возраст, и повозрасната популација – изјави Горан Андов директор на ЈЗУ „Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип.

Во Штип, над 90 проценти од децата се вакцинирани што се оценува како висок опфат.  Педијатарот, Драгана Миновска-Рунтева, вели дека расте интересот и за ХПВ вакцината, која веќе ја примаат и момчиња и девојчиња.

Реклама

– Имунизацијата е клучна, бидејќи штити од сериозни и опасни заразни болести, а воедно ги намалува и трошоците во здравствениот систем-вели Рунтева.

 Здравствените работници апелираат граѓаните да не ја занемаруваат имунизацијата и редовно да го следат календарот за вакцинација. Потсетуваат дека колективниот имунитет е клучен за заштита на најранливите категории.