Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници „Лајка“ информира дека во септември биле заловени 172 кучиња од кои 124 се кастрирани и стерилизирани.
Во овој месец вдомени се 44 кучиња, а 105 се вратени на локација.
Секој месец, теренските тимови на ЈП Лајка постапуваат по пријави на граѓани и спроведуваат планирани активности низ општините во Скопје.
Најмногу заловени кучиња имало во општина Бутел (39) по што следуваат Кисела Вода со 29, Аеродром со 24, Карпош со 23.
Најмалку заловени кучиња има на територија на Чаир, но таму и нема пријави од граѓани.

