Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Во сабота, промоција на „Атентат“, долгодишно истражување на д-р Доревски за атентатот на Глигоров

По повеќе од три децении, книгата ,,Скопскиот атентат’’ повторно го отвора прашањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од три децении, книгата ,,Скопскиот атентат’’ повторно го отвора прашањето за еден од најсложените безбедносни случаи во независна Македонија – атентатот врз првиот претседател на државата, Киро Глигоров, се вели во најавата за промоцијата на најновата обемна книга д-р Зоран Доревски во сабота, 3 октомври, во 11 часот во хотелот Холидеј Ин.

Кој бил мотивот? Кој го организирал атентатот? Кои биле извршителите? Што открива техниката на нападот? Зошто истрагата потфрли и зошто клучните прашања останаа без одговор повеќе од 30 години? Тоа се прашања и одговори што ги исцртуваат страниците на книгата.

Авторот, врз основа на бројни документи, индиции и сведоштва, нуди аналитичка реконструкција на настанот и ново согледување на случајот се вели во најавата.

Реклама

Без да ја презема улогата на обвинител или судија, тој ги става фактите пред читателот, ја реконструира можната слика на настанот и му дава можност и самиот да носи заклучок.

Рецензентот м-р Бранислав Јанковиќ, пишува: 

„Зоран Доревски, во најдоброто светло на писателите на трилери, се обидува — и во тоа успева — од обидот за убиство на македонскиот претседател Киро Глигоров во 1995 година во Скопје да создаде своевиден документ за тој настан, детално анализирајќи сè: од геополитиката и тајните служби, па сè до последниот форензички детаљ, додавајќи му на сето тоа добра доза детективски наратив“…

А, академик проф. д-р Неџад Корајлиќ, истакнува:

„Посебната вредност на ова дело е во тоа што атентатот не се разгледува само како поединечно кривично дело, туку како сложен политичко-безбедносен феномен во кој се испреплетуваат криминалистички, геополитички, разузнавачки и општествени фактори. Ваквиот интердисциплинарен пристап на авторот претставува редок пример во современата литература во Југоисточна Европа.“