Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Ресен се затвораат три фабрики и неколку Ресторани

До денешното претпладне кога екипата на АЛФА беше во Ресен, бројката на…

Сподели:

До денешното претпладне кога екипата на АЛФА беше во Ресен, бројката на заразени од корона- вирусот с`е уште беше деветнаесет лица. Од нив еден е починат, осум мина се хоспитализирани- шест во Инфективното одделение на клиничката болница во Битола, а по еден во болниците во Охрид и “8- ми Септември“ во Скопје, додека останатите се асимптоматски случаи и се во домашен карантин. Исто така, деведесет лица  се под здравствен надзор, над триесет се тестирани и овие два дена се очекува нови случаи на заболени. Овие податоци на денешниот брифинг  ги презентираше ресенскиот градоначалник. Веднаш после одржувањето на вонредниот кризен штаб, на кој беа утврдени повеќе превентивни мерки, одлучено е затаворање на три фабрики и повеќе ресторани, а затворено е и Матичното одделени на Општината додека се очекуваат резултатите од една вработена.

Од денес не работат погоните на “Свис лион“- Агроплод, на “Хатекс“ од Ресен и на “Стење- текс“ каде што има повеќе работници. А најавено е дека од денес поголем број на угостителски објекти ќе прекинат со работа, со цел, движењето на граѓаните да го ставиме на минимум- рече ресенскиот градоначалник д-р Живко Гошарески.

Во  Ресен, наглото зголемување на бројот на заболени од Ковид- 19, никого не остави рамнодушен. Покрај професорката од гимназијата “Цар Самуил“, заразени се повеќе угостителски работници од ресторантот “Две лири“, еден бербер, стоматолог, вработена во “Агроплод“ и покојниот тезгаџија со неговата сопруга. Во оваа мала средина, се расплетуваат повеќе приказни, од каде и како дошла короната, а најмногу се верува дека е донесена од Скопје.

Реклама

Никој не верувавме дека ќе дојде до ова. Меѓутоа, не можеме ние да поседуваме висок имунитет и да не се заразиме ние. Исплашени претерано, не замене туку за децата и внуците- рече еден ресенчанец. – Се мислиме дека овие што дојдоа од Скопје за викендот, од нив остана- рече негов сосед. – Овие скопјаните го донесоа, рече трет.- Ги пуштија слободно и ни го донесоа, а ние немавме. Скопјани ни го донесоа- рече една загрижена ресенчанка.

Од друга страна, семејствата на неколку мина заболени, упатуваат сериозни критики за матичните доктори и до Здравствениот дом, дека им одолговлекувале на заболените да бидат тестирани. Инаку, во моментов Ресен со вакви загрозувачки околности е без давата интерниста- едниот е во карантин, а другиот е испратен на испомош во Скопје. Директорката за овие и други проблеми, денеска ги одбегна новинарите.

Петар Стефановски