Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Во првата недела на септември ќе се комплетира листата со кандидати за локалните избори, истакна Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ од денеска продолжува со мерењата за кандидатурите за престојните локални избори,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ од денеска продолжува со мерењата за кандидатурите за престојните локални избори, а на почетокот на септемри ќе се одржи состанок на Извршниот комитет на партијата, изјави денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, нагласувајќи оти очекува до почетокот на следниот месец да бидат познати сите параметри.

Мицкоски денеска во Штип одговарајќи на новинарски прашања за кандидатурите за истокот, но и за соработката со коалицискиот партнер ЗНАМ за Центар и Куманово, истакна дека со оглед на тоа дека крајниот рок на доставување на кандидатурите е 13 септември, се очекува сите имиња да бидат познати во првата недела од септември.

-Не само за овој дел од Македонија, туку генерално секаде каде што недостасуваат имиња за општини да бидат објавени, истакна тој.

Реклама

Мицкоски додаде дека со ЗНАМ се мошне блиску до договор за нивните кандидати за Куманово и Центар.

-Многу блиску сме до договор. Не би можел да кажам дека имаме конечен, но многу блиску сме до договор. Во таа насока мериме уште неколку општини да видиме дали во тие општини кандидатот од ЗНАМ или кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ имаат подобри перформанси кај граѓаните, уште две три општини се отприлика во фокусот на тие разговори. И убеден сум дека на крај ќе постигнеме договор за заедничка поддршка на кандидатите за градоначалници. Што се однесува до советничките листи, коалицијата што ќе ја предводи ВМРО ќе си има свои листи, а политичката партија ЗНАМ ќе си има свои листи, додаде Мицкоски.