Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Во прилепските средни училишта најпривлечни остануваат електротехничките и медицинските струки, од МОН се бара враќање на струката за обработка на дрво

Во прилепската  гимназија „Мирче Ацев“ се намалува бројот на паралелките од седум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во прилепската  гимназија „Мирче Ацев“ се намалува бројот на паралелките од седум на пет, во согласност со новите реформи во гимназиското образование, а средното стручно училиште „Ѓорче Петров“ бара од Министерството за образование и наука бара да не се укинува насоката техничар за обработка на дрво.  Во петте средни училишта во Прилеп најатрактивни останувааат занимањата од електроструката, односно компјутеска техника и автоматика, графичкото дизајнерство и медицинските струки.  

Од прилепската гимназија информираат дека без разлика што имаат две паралелки помалку и се враќа општото гимназиско образование, сепак, очекуваат во новата учебна 2026/2027 година да се запишат ист или поголем број ученици.

Директорката на средното училиште „Ѓорче Петров“, Жанета Видевска, каде што се и изучуваат и медицинските струки, се надева дека Министерството за образование и наука ќе се премисли и нема да се укине насоката техничар за обработка на дрво, затоа што за неа има интерес. 

Реклама

-Поднесовме барање до Министерството за образование и наука и се надеваме дека ќе се премислат и ќе ни го одобрат профилот – техничар за обработка на дрво, за кој има интерес да се оформи паралелка. Инаку, останува интересот за стручните струки и, секако, најголем има за медицинските, изјави  Видевска.

Од петте средни училишта во Прилеп со околу 3 500 ученици, најмногу насоки и занимања, како најатрактивни, има во средното училиште „Ристе Ристески Ричко“. Во ова училиште се и паралелките од дуалното образование по германски и по македонски модел.

-Решивме струките да останат исти, иако дел од профилите ги видоизменивме поради потребите на пазарот на трудот. Најатрактивна сѐ уште е струката од електрокомпјутерска техника со автоматика, со четиригодишно образование, и секторот графичарство, односно графички уредник и дизајнер. Но, бидејќи училиштето има најголем број ученици, 859, тоа значи дека и сите други струки се атрактивни, рече  Цветанка Ѓорѓиеска, директорка на средното училиште „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп.  

Добро функционираат дуалните паралелки по германски и македонски модел, но од училиштето бараат поголем интерес на компаниите за да ги подготват профилите што ги бара пазарот на трудот.

-Потребно е компаниите да покажат поголем интерес, за ние да знаеме да ги подготвиме бараните профили. Тоа најдобро може да се постигне доколку дојдат на нашиот отворен ден, додаде  Ѓорѓиеска.

Во план е петте средни училишта во Прилеп во почетокот на мај заедно да одржат отворен ден во центарот на градот, за да ги запознаат идните средношколци со наставните програми што ги нудат.