Реклама

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Македонија

Во прилепската касарна почна одбележувањето на 25-годишнината од загинувањето на десетте бранители кај Карпалак

Нивната храброст стана наш темел, наш код на честа и заклетва по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нивната храброст стана наш темел, наш код на честа и заклетва по која живееме и работиме – рече потполковник Сашко Палевски, командант на прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“ на одбележувањето на 25- годишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители кај Карпалак во кругот на касарната. 

Бројни делегации, од касарната, од Општината, од роднините на загинатите, од здруженијата, партии и граѓани, положија свежи цвеќиња и се поколонија пред спомен обележјето во дворот на Касарната од каде воениот конвој на 8 август 2001-та тргна кон Тетово. Кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово во заседа на конвојот беа убиени десетте воени резервисти, прилепските бранители. 

-Поминаа точно 25 години откако Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко заминаа во вечноста.  Времето неминовно си го прави своето, но во нашата единица, споменот за нив не бледнее. Во стројот каде тие некогаш стоеја, нивниот дух е секогаш присутен. Нивната храброст стана наш темел, наш код на честа и заклетва по која живееме и работиме. Тие за нас не се минато, тие се нашиот секојдневен патоказ и поради тоа, споменот за нив е сѐ посилен – рече командантот на гарнизонот „Мирче Ацев“, потполковник Сашко Палевски, во обраќањето пред присутните. 

Реклама

Од здружението „Карпалак“ велат дека по 25 години освен поради болката и тагата, во касарната се да се потсетат на жртвата што ја дадоа соборците – прилепските бранители, застанувајќи на браникот на државата. Спомен-бисти за нив не се доволни.

-Тука сме за да ја оддадеме честа и да ги поттикнеме идните генерации да не се случуваат вакви злодела. Може и повеќе да бидат испочитувани, а ние се трудиме да се остави трага за нив, да бидат запишани во историјата, како и нашите борци од 1903-тата и од 1941-та. Спомен-бисти не се доволни, на местата каде се загинати немаат спомен обележја и треба многу повеќе да се направи – изјави Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“. 

Беше посетена и спомен собата во Касарната каде се фотографиите и спомените за загинатите. Најавено е дека секој од 10-те бранители ќе добие посебна витрина каде, освен фотографијата, ќе бидат изложени и лични предмети за што се повикани блиските да приложат лични обележја од секој од десетте загинати прилепски бранители. 

Вечерва е посетено и спомен обележјето во прилепското село Лениште, а во манастирот „Света Петка“ во селото се служеше богослужба.

Централното чествување е утре, од 13 часот пред споменичниот комплекс во центарот на Прилеп. 

Изутрината, делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово, ќе бидат посетени вечните почивалишта на загинатите во Прилеп и во населените места, а панихида во нивни спомен ќе се одржи во црквата „Св. Петка“ во прилепската населба Точила.