Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Во Прилеп отворен Центар за менаџирање на дебелината, единствен во регионот

Во Здравствениот дом во Прилеп денеска се отвори Центар за менаџирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Здравствениот дом во Прилеп денеска се отвори Центар за менаџирање на дебелината, прв и единствен во Регионот.

Центарот кој ќе работи на принципот на Мој термин ќе може да врши дијагностицирање на дебелината која влијае на многу заболувања, лабораториски анализи, совети и ќе нуди терапии за пациентите.

-Дебелината влијае на многу болести, на дијабетесот, на хипертензијата, односно високиот притисок и на појавата на многу други заболувања. Во рамките на овој Центар, пациентите ќе се дијагностицираат, ќе се прават лабораториски анализи, со помош на апаратот „тим боди“ ќе се одредува телесната дистрибуција на масно ткиво, ќе се врши едукација на пациентите околу начинот на исхрана, промена на животните навики, физичката активност и ќе се препорачува соодветен третман што ќе звиси од профилот на пациентот. Навременото третирање и менаџирање на ова заболување е многу важно, бидејќи, со самиот третман, се подобрува квалитетот на животот кај пациентите и, исто така, се превенираат, или, се олеснува лекувањето на многу заболувања кои произлегуваат од зголемената телесна тежина, објасни ендокринологот Катерина Чешлароска Маркушоска.

Реклама

Според директорот на прилепската општа болница, Кире Јоноски, проблемот со дебелината е многу актуелен. Како коморбидитет се јавува во многу болести што ги нарушува квалитетот на живот, работоспособноста. 

-Тоа ни беше предизвик за да го отвориме овој Центар. Центарот ќе работи преку „Мој термин“. Во центарот ќе работи ендокринолог, а имаме и двајца доктори на специјализација за ендокринологија. Тука ќе се нудат: лекување на дебелината, совети против дебелината, вели Јоноски.

Научното здружение  за дебелина „Обем“ има активна кампања наречена „Кругот на поддршка“ и за цело време низ државата се води кампања за препознавање на дебелината како болест. 

-Во кампањата се вклучени и другите системи, Министерството за здравство и Фондот, Канцеларијата на светската здравствена организација со разни кампањи во однос на активности, едукација во сите училишта во сите градови. Ќе трае до крајот на годината, изјави професорот Ирфан Ахметиод Клиниката за ендокринологија од Скопје.

Во 2025 година во Македонија, 65 проценти кај возрасното население имало зголемен индекс на телесна маса, што значи прекумерна или зголемена телесна тежина, а 30 проценти од возрасното население живее со дебелината како хронично заболување.