Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Во Прилеп одбележан 4 април- Денот на тутунските работници

Тутунопроизводството е една од најважните земјоделски гранки во Македонија, а тутунарите се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тутунопроизводството е една од најважните земјоделски гранки во Македонија, а тутунарите се значајни чинители во македонското стопанство, нагласи Илија Тутуески, член на Сојузот на тутунските здруженија при денешното одбележување во Прилеп на 4 април, Денот на тутунските работници.

– Не случајно е избран 4 април за Ден на тутунските работници. Точно на денешен ден пред 153 години, во 1873 година е отворен првиоит магацин, во рамките на Тутунскиот комбинат во Прилеп, за откуп на тутун. Затоа тутунопроизводството е вековна традиција. Ова не е само симболично одбележување, туку и потсетување на општествената улога што ја имаат тутунопроизводителите во македонското земјоделство и во економијата, рече Тутески пред претставниците на тутунските здртуженија при денешното одбележување во прилепскиот хотел „Салида“.

Повеќе од 20 000 семејства, или преку 80 000 граѓани во земјава зависат од тутунопроизводството, а Сојузот на тутунските здруженија повеќе од 70 години  работи на унапредувањето на состојбите во оваа земјоделско-индустриска гранка.

Реклама

Исплатливоста на производството ќе се одржува преку цената.

-За да се одржи ова производство но и да се заинтересираат помладите генерации да работат на нивите, многу е битно да има исплатлива цена, рече Тутески. 

За Муса Ибраимоски од Долнени,член на Сојузот на тутунските здруженија многу е битно да се зачува достоинството на тутунопроизводителот.

– Производството се одржува и во Долненскиот регион, како еден од најголемите производствени реони во Прилепско. Но мора да се запазат и класите тутун и тутунарите секогаш да ги имаат поверениците при откупот, рече Ибраимоски.

Според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија тутунарите ќе ги добијат субвенциите за брзо.

-Инспекторатот ги направи контролите за откупените количества во претпријатијата и се очекува кон крајот на април тутунарите да ги добијат субвенциите за ланскиот род, рече Ристески.

Почна новата производствена година, во тек е расадопроизводството. Се најавува за 10 проценти зголемен интерес од лани кога се откупија околу 26 000 тони. Склучувањето договори за годинашнава реколта тутун е пролонгирано до 9 април.