Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во Прилеп е потребна канцеларија на државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини

Во Прилеп е најавено отворање на канцеларија на државниот инспекотрат при Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Прилеп е најавено отворање на канцеларија на државниот инспекотрат при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Ова меѓу другото е договорено на денешната работна средба на прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски со министерката Сања Божиновска во прилепската локална самоуправа.

Според Проданоски, Прилеп мора да биде пример за искористувањето на минералните суровини за реален локален развој.

-Разговаравме отворено за актуелните состојби и предизвиците во енергетскиот и рударскиот сектор, но и за можностите што ги има нашиот регион. За мене, клучната порака е дека Прилеп мора да биде пример за тоа како искористувањето на минералните суровини може да значи реален локален развој, со јасни правила, одговорност и вистинско партнерство, вели Проданоски.

Реклама

Во рамките на посетата се одржала и средба со најистакнатите концесионери од Прилепскиот регион, за прашањата за законската регулатива, исполнувањето на преземените обврски и за можностите за нови инвестиции. Зголемените концесиски активности во Прилепско треба видливо да се одразуваат врз општината преку нови работни места, инфраструктурни проекти и преку општествена одговорност. Оттука и потребата за отворање канцеларија на државниот инспекторат кој ќе ја регулира сферата ба енергетиката и рударскиот сектор.

-Економски напредок има само кога правилата важат еднакво за сите. Како дел од договорените чекори, беше најавено отворање канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп. Поголемо институционално присуство на терен значи подобар надзор, зголемена транспарентност и поголема доверба, смета прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. 

На средбата, посебен акцент бил ставен на потребата од засилена координација меѓу централната и локалната власт што директно ќе биде во интерес на граѓаните.