Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот

Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот. Мнозинство советници ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат во општина Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Интересно е тоа што во Општина Сарај во прв круг победи Мухамет Елмази од ВРЕДИ, додека мнозинство во советот ќе има НАИ. 

Во Советот на Општина Аеродром, според обработени 99,90% од гласовите, мнозинство ќе има ВМРО-ДПМНЕ со 15 советници. Во 27 члениот совет, Левица влегува со  шест советници, СДСМ со пет и ЗНАМ со еден. Во Аеродром е извесен втор изборен круг, каде што кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,09% од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 20,79%.

Во Советот на Општина Бутел, според 100% обработени гласови, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство со 10 советници. Во 19 члениот совет на Општина Бутел влегуваат и четири советници до НАИ, три од Коалицијата ВРЕДИ и по еден од СДСМ и Левица. 

Реклама

Во Бутел, во прв круг победи досегашниот градоначалник Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 52,96% пред Исамедин Азизи од НАИ со 28,17 проценти.

Во Советот на Општина Гази Баба, според 100% обработени глаови, мнозинство ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 17 советници. Во 27 члениот совет, влегуваат и по четири советници од СДСМ и Левица и по еден од НАИ и Коалицијата Вреди.  

И во Гази Баба, досегашниот градоначалник Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг со 58,42%, пред  Влатко Митовски од СДСМ со 18,00%. 

Во Советот на Општина Ѓорче Петров, според 100% обработени гласови мнозинство ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 14 советници. Во 23 члениот совет, влегуваат и по четири советници од СДСМ и Левица и еден советник од ЗНАМ. 

Кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ со 55,73% повторно е избран за градоначалник на Ѓорче Петров, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, освои 18,37%.

Во Советот на Општина Карпош, според 100% обработени гласови, најмногу советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – 11, а во 27 члениот совет место имаат и по четири советници од Коалицијата „Искуство за успех“, СДСМ и Левица, тројца независни и еден од ЗНАМ.

Во Карпош ќе има втор груг. Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ освои 34,51%, пред Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 29,40%. Во Советот на Општина Кисела Вода, според 100% обработени гласови, мнозинство ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 17 советници. Во 27 члениот совет, место ќе имаат и пет советници од Левица, четири од СДСМ и еден од ЗНАМ.  

Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ е избрана во првиот круг со поддршка од 57,36%, пред Јане Ацевски од Левица кој има 16,81%.

Во 23 члениот Совет на Општина Центар, според 100% обработени гласови, најмногу советници ќе има СДСМ со осум места, потоа ВМРО-ДПМНЕ со седум, Левица – 3, ЗНАМ – 2, еден од Коалиција „Зелена иднина“ и двајца независни. Во Центар, градоначалник ќе се бира во во вториот круг, а ќе се гласа за Горан Герасимовски од СДСМ со 38,21% и за Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој освои 25,53%.

Во Советот на Општина Сарај, според 100% од обработените гласови, мнозинство ќе има НАИ. Останатите девет советниви во 19 члениот совет се од Коалицијата Вреди. Во Сарај, во прв круг победи Мухамет Елмази од ВРЕДИ со 50,28%, пред Блерант Рамадани од НАИ со 47,55%.

Во Советот на Општина Чаир, според 99,69% обработени гласови, мнозинство ќе има Коалицијата ВРЕДИ со 14 советници. Во 27 члениот совет, место ќе имаат и 11 советници од НАИ и по еден од ВМРО-ДПМНЕ и ДП на Турците. Изет Меџити од ВРЕДИ ќе биде нов градоначалник на Чаир со поддршка од 51,82%, додека Бујар Османи од НАИ ОСВОИ 40,39%.

Во 19 члениот Совет на Општина Шуто Оризари, според 100% обработени гласови, најмногу советници ќе има Унија на Роми со шест места. Вреди и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат по четири советници, НАИ три и по еден од Сојуз на Роми и Демократски сили на Ромите. 

Во Шуто Оризари, во втор круг одат Курто Дудуш од Унија на Роми со 36,57% и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 20,69%.