Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во Пелагонија почна пролетната сеидба на житни и индустриски култури

Пролетната сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е во тек, а во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пролетната сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е во тек, а во фокусот на земјоделците се житните и индустриските култури.

Во изјава за МИА, раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Стојан Христовски, истакна дека земјоделците најдоцна до 30 април треба да ги искористат доделените картички за набавка на т.н. „зелена нафта“.

-Оваа пролет во битолскиот дел на Пелагонија планирано е да се посејат 5.200 хектари со житни култури. Пролетната сеидба почна и досега посадени се 800 хектари со пченка. Според планот, земјоделците треба да посејат и индустриски култури кои ќе бидат на површина од 8.400 хектари, а од нив 2.100 хектари ќе бидат со сончоглед. Важно е земјоделците да не заборават дека важноста на картичките за набавка на „зелена нафта“ истекува за неколку денови, односно треба да ги искористат најдоцна до 30 април, нагласи Христовски.

Реклама

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола потврдија дека над 90 насто од земјоделците подигнале картички за „зелена нафта“ чија употреба завршува на крајот од овој месец.