Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Во Неготино реализирана информативна сесија „Фер ангажман“, за Законот за работно ангажирање на лица

Информативна сесија „Фер ангажман“ за Законот за работно ангажирање на лица, беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Информативна сесија „Фер ангажман“ за Законот за работно ангажирање на лица, беше реализирана денеска во салата на Советот на Општина Неготино. На настанот беше кажано дека сесијата е посветена на практичната примена на Законот за работно ангажирање на лица.

Настанот беше дел од националната кампања „Фер ангажман“, што се спроведува во рамки на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, со поддршка од Сојузна Република Германија, а во имплементација на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување.

– Сесијата предизвика значителен интерес кај работодавачите и граѓаните, особено од секторите земјоделство, туризам, угостителство и услуги во домаќинството, кои имаа можност од прва рака да се запознаат со придобивките од новото законско решение. Законот воспоставува јасни и фер правила за сезонска и повремена работа, овозможува пријавен работен ангажман, обезбедува пензиски стаж и осигурување при повреда, како и зачувување на постојните социјални права на ангажираните лица, соопштија организаторите на настанот.

Реклама

Дополнително, беше истакнато дека граѓаните сега имаат можност легално и без ризик да остваруваат дополнителен приход, без да ги изгубат правата како пензија, стипендија или социјална заштита.

– Новиот систем овозможува едноставна електронска пријава и одјава на ангажманот преку платформата „е-Работа“ на Агенцијата за вработување со што значително се олеснуваат административните процедури за работодавачите, беа информирани присутните.

Свое обраќање имаа Александра Караевска-Димовска, советник во Германското друштво за меѓународна соработка и Кристијан Трајковски, проектен координатор во Центарот за истражување и креирање политики.

Во рамки на сесијата беа презентирани клучните аспекти на Законот, правата и обврските на работниците и работодавачите, како и функционалностите на електронскиот систем за пријава и одјава.

– Кампањата „Фер ангажман“ има за цел да воспостави поефикасен, законски и фер систем за ангажирање на сезонски и повремени работници. Овој пристап обезбедува сигурност за ангажираните лица и ефикасност за работодавачите и претставува важен чекор во намалувањето на неформалната економија, информираа организаторите на настанот.

Патем соопштија дека по одржаните сесии во Тетово, Прилеп и Неготино, кампањата продолжува во Куманово на 2 април, а во наредниот период ќе опфати и други поголеми општини низ државата.