Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Во недостиг на резултати, Aхмети го враќа јазикот како обид за политички поделби

Во недостиг на политичка понуда, идеи и резултати, лидерот на ДУИ, Али…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во недостиг на политичка понуда, идеи и резултати, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, повторно посегнува по најлесната карта – националлистичката реторика. Кога нема економија, кога нема реформи, кога нема што да им се понуди на граѓаните – се отвораат старите теми. Јазикот. Охридскиот договор. Поделбите.

Во време кога политичарите треба да нудат решенија за подобар живот, подобар правосуден систем, и реална андеж дека иднината на младите е тука, во Македонија – Ахмети повторно ја враќа политиката чекор назад – таму каде што емоциите се посилни од аргументите.

Во отворено писмо, со остар тон и пораки што повеќе звучат како закана, отколку конструктивна забелешка. Ахмети вели – албанскиот јазик не е и нема да биде предмет на преговори.

Реклама

Албанскиот јазик за мене не е и никогаш нема да биде предмет на преговорање. Јас го кажав и ќе го повторувам без никаква резерва: Охридскиот договор е темел на оваа држава и кој го доведува во прашање, ја доведува во прашање самата иднина на државата. Албанскиот јазик не е привилегија, туку стекнато право загарантирано со Уставот. Секој обид да се релативизира или ограничи тоа право е директен предизвик на уставниот поредок и нема да помине без одговор. – пишува во писмото.

Ахмети во писмото нагласува и дека јазичната еднаквост, како што вели, е столбот на кој се потпира коегзистенцијата, додавајќи дека држава што не им им се обараќа на своите граѓани на нивниот јазик – не може да биде вистински рамноправна.

Но суштинското прашање останува – зошто токму сега?

По години власт, по години во кои имаше можност да покаже резултати, Ахмети по кој знае која пат ја отвора темата што најмногу ја владее, која најлесно мобилизира, но најмалку решава.

Во писмото, Ахмети се осврнува и на изјава на премиерот Христијан Мицкоски, дадена во Собранието, обидувајќи се да ја претстави како проблематична.

Христијан Мицкоски, од собраниската говорница,  кажа –

„Не ми пречи мене ниту албанскиот ниту кој било јазик на светов. Но, според Уставот – официјален јазик во оваа држава на целата територија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“, рече Мицкоски.

Позиција што не забранува, туку потсетува на уставниот поредок.

Полемиката околу употребата на јазиците повторно се отвори во Собранието, во рамки на пратенички прашања поврзани со правичната застапеност и уставните одредби. А се чини иницијална каписла за ова актуелизирање е настанот, на кој, новинар на несоодветен начин и се обрати на министерката за образование Јаневска , прашувајќи ја дали со себе носи преведувач , оти се наоѓала во Тетово.