Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во македонскиот КИЦ во Загреб предавање и интерактивен квиз на тема „Научна фантастика: приказната на Македонија“

Во неделата кога го одбележувавме 5. Мај – Денот на македонскиот јазик,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во неделата кога го одбележувавме 5. Мај – Денот на македонскиот јазик, ден што нè потсетува на значењето на јазикот како темел на нашиот културен и национален идентитет, македонскиот Културно-информативен центар во Загреб беше дел од повеќе активности кои придонесуваат за афирмација, негување и промоција на македонскиот јазик.

Во рамки на активностите вчера во македонскиот КИЦ во Загреб Маријана Јанчевска – Угарковиќ одржа предавање, интерактивен квиз и разговор на тема „Научна фантастика: приказната на Македонија“.

Настанот, како што се наведува во соопштението од  македонскиот КИЦ во Загреб, привлече бројна публика заинтересирана за книжевноста, културните наративи и научната фантастика. На иницијатива на наставничките кои предаваат македонски јазик и култура, предавањето и квизот со голем интерес го проследија и ученици кои го изучуваат македонскиот јазик во Хрватска.

Реклама

Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска во своето воведно обраќање посебно ги поздрави учениците заблагодарувајќи се за нивниот интерес и присуство и истакнувајќи дека „во неделата на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик овој настан е особено важен за отворање нови перспективи во проучувањето на јазикот и јазичното творештво, како и за начините на кои фикцијата може да послужи како средство за разбирање на реалноста“.

Маријана Јанчевска – Угарковиќ преку интересно и динамично излагање ја доближи темата на научната фантастика како простор за потврдување на историјата и идентитетот. Преку предавањето и интерактивниот квиз, публиката имаше можност активно да учествува, да разменува мислења и да ги прошири своите знаења за овој книжевен жанр и неговите специфики во македонски контекст.

-Настанот помина во поттикнувачка и отворена атмосфера, со голем интерес од страна на публиката која активно учествуваше во дискусијата, се наведува во соопштението.

Проектот „Научна фантастика: приказната на Македонија“ е дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан од Министерството за култура и туризам.