Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Во Куманово поднесени 160 барања за обесштетување по невремето од 20 јули

До Општина Куманово поднесени се 160 барања и известувања од граѓани и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До Општина Куманово поднесени се 160 барања и известувања од граѓани и правни субјекти за надомест на штети предизвикани од невремето што го зафати градот на 20 јули, информираа денеска од Општината. Оттаму  соопштија дека најголемиот дел од пријавите се однесуваат на оштетени фасади, откорнати кровни конструкции на семејни куќи и станбени згради, оштетувања на покриви, како и штети на возила предизвикани од откорнати делови од кровови и паднати дрвја. Пријавени се и штети од поплавување со атмосферски води кои навлегле во објекти од улици и тротоари, како и оштетувања на земјоделски насади.

Од локалната самоуправа потсетија  дека рокот за поднесување барања за обесштетување истече на 31 јули, согласно одлуката на Комисијата донесена по невремето од 20 јули. Согласно законската регулатива, од  Општината потенцираат дека сопствениците на објектите имаат обврска преку тековно и инвестициско одржување да ги обезбедат основните барања за безбедност и функционалност на градбите.  Комисијата за проценка и утврдување на висината на штета од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Куманово досега одржала два состанока, на кои биле разгледани сите пристигнати барања.

По извршениот увид на терен и проценката на висината на штетите, Комисијата ќе изготви елаборат-извештај, кој ќе биде доставен до надлежната комисија формирана од Владата за понатамошно постапување.