Реклама

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Македонија

Во Куманово почна вакцинацијата против сезонски грип, обезбедени 1.600 дози

Во Куманово почна вакцинацијата против сезонски грип, а за оваа сезона се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Куманово почна вакцинацијата против сезонски грип, а за оваа сезона се обезбедени 1.600 дози вакцини, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово. Дел од вакцините се наменети и за одделенијата во Крива Паланка и Кратово.

-Станува збор за тривалентни вакцини кои се бесплатни и првенствено се наменети за ризичните групи на население. Во нив спаѓаат лицата над 65-годишна возраст, лицата со хронични заболувања, вклучувајќи респираторни и кардиоваскуларни заболувања и дијабетес, како и лицата на имуносупресивна терапија и членовите на нивните семејства – изјави д-р Едита Рамизи, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Вакцинацијата се препорачува и за лицата сместени во установи за згрижување стари лица, здравствените работници кои се изложени на зголемен ризик. Пред аплицирањето на вакцината, здравствените работници спроведуваат кратка анкета за моменталната здравствена состојба на пациентот и проверуваат дали постојат контраиндикации за вакцинација.

Реклама

– За развој на имунитетот по примањето на вакцината се потребни две до три недели. Според епидемиолошките податоци, лицата кои редовно се вакцинираат имаат позитивни искуства, а вакцинацијата придонесува за заштита од тешки форми на грип, намалување на ризикот од хоспитализација и смртност-изјави Рамизи.

Вакцините се корејски, нудат заштита од една година.