Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во Кочани на јавна трибина се дебатираше за локацијата на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“

Во согласност со заклучокот на Советот на Општината, градоначалникот Владко Грозданов синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во согласност со заклучокот на Советот на Општината, градоначалникот Владко Грозданов синоќа во Мултиукултурниот центар во Кочани организира јавна трибина на која имаше дебатира за иницијативата на Здружението на граѓаните „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на местото во Кочани познато како стар парк, на триаголникот помеѓу улиците Браќа Ставреви и Кеј на револуцијата.

Во присуство на заинтересирани граѓани службите од Одделението за урбанизам соопштија дека посочената локација е плански соодветна за реализација на барањето од Здружението на граѓаните „16 март 2025 – Кочани“.

Со цел да се опфати мислењето на пошироката јавност, претходно, во периодот од 2 до 11 јануари беше активна анкета на оваа тема, која содржеше две прашања: Дали се согласувате со иницијативата на Здружението на граѓаните „16 март 2025 – Кочани“, т.н. локација стар парк да биде определена за место на кое ќе се подигне спомен-обележје на загинатите во „Пулс“, а второто прашање, всушност, претставуваше опис на мислењето во врска со иницијативата.

Реклама

На анкетата со помош на дигиталната алатка „М-заедница“ на првото прашање одговориле: 260 граѓани, од кои 82 отсто се согласуваат со предлогот за определување локација за спомен-обележје, а 18 проценти се против. На второто прашање одговориле вкупно: 132 граѓани, од кои 63 отсто ја образложиле согласноста, 19 проценти не дале образложение, 0,05 отсто се изјасниле повторно дека не се согласуваат, а другите не дале јасни образложенија.

Јавната трибина беше искористена и за директно анкетирање на учесниците, кои можеа да пополнат анкетен лист со истите прашања. Од 53 учесници во анкетата, сите одговориле дека се согласуваат со предложената локација.

По објаснувањето на идејата и значењето на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ од Александар Наунов, претседател на Здружението, граѓаните имаа можност на јавната трибина да ги искажат своите мислења, да прашуваат и да предлагаат, а градоначалникот Владко Грозданов одговараше на нивните прашања и ја образложи неопходноста од трибината како форма за непосредно учество на граѓаните во донесувањето одлуки и можност за отворено сопоставување на различните мислења. 

Претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов и присутните членови, претставници од советнички групи отворено ја изразија подготвеноста на следната седница да ја прифатат поднесената иницијатива на Здружението „16 март“, а градоначалникот Грозданов најави итни административни постапки со цел спомен-обележјето да биде завршено до годишнината од смртта на младите во пожарот во „Пулс“.