Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Во Кина издадена македонско-киенска збирка на поезија „Од две страни сонце грее: Современа кинеска и македонска поезија“ 

Од печат излезе книгата „Од две страни сонце грее: Современа кинеска и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од печат излезе книгата „Од две страни сонце грее: Современа кинеска и македонска поезија“ во издание на издавачката куќа Хуаченг од Гуангџоу, Кина. Станува збор за тројазична (македонски, кинески, англиски) збирка поезија, во која се поместени песни од седум македонски и седум кинески современи автори. Од македонска страна претставени се: Катица Ќулавкова, Влада Урошевиќ, Иван Џепароски, Зоран Анчевски, Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска и Андреј Ал-Асади, додека од кинеска: Шји Чуан, Лју Јуе, Аку Вуву, Џао Си, Минг Ди, Ли Суо и Џао Лихонг.

Препевот во соработка со авторите го извршија синолозите Игор Радев, Сара Цветановска и Елена Дамјаноска. Уредници на изданието се кинеската поетеса Лју Јуе и македонскиот синолог Игор Радев.

Книгата, информира Игор Радев, претставува резултат на првата Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница насловена како „Поезијата во превод меѓу цивилизациите“, која беше одржана во август, 2024, во Охрид, во организација на МАНУ во соработка со Пекиншкиот јазичен универзитет.

Реклама

-Ова издание е од историско значење со оглед на тоа што претставува прво систематско претставување на современата македонска поетска сцена во рамките на кинеското говорно подрачје. Воедно, најверојатно за првпат се издава во Кина едно книжевно дело и на македонски јазик. Книгата беше претставена на 13 декември на кампусот на Пекиншкиот нормален универзитет во Џухај во склоп на Меѓународниот форум за книжевна размена, додека на 14 декември беше организирана и промоција во Гуангџоу. Од македонска страна на овие настани учествуваа акад. Катица Ќулавкова и Игор Радев. Претходно, од 5 до 10 декември овие двајца македонски претставници учествуваа и на 10-то издание на Шангајскиот меѓународен поетски фестивал, на којшто покрај истакнати поети од дваесетина земји од светот, учество зедоа и преведувачи, синолози и теоретичари на литературата, додека темата на годинешниот фестивал беше – „Патот на поезијата во ерата на вештачката интелигенција“, изјави Радев.

При церемонијата на отворање на Шангајскиот меѓународен поетски фестивал песната на реномираната македонска поетеса  Наташа Сарџоска „Картографија на огнот“ во кинески превод беше одбрана да биде кореографирана и изведена како сценско-музичка точка, за која компонирањето беше извршено од страна на вештачка интелигенција.