Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Во Ѓорче Петров одбележани дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

Со положување цвеќе пред споменикот подигнат во чест на загинатите бранители во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со положување цвеќе пред споменикот подигнат во чест на загинатите бранители во Волково, Општина Ѓорче Петров денеска беа одбележани 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа на 10 август 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. 

Венци со цвеќе пред споменикот на паднатите бранители во село Волково положија делегација на Влада предводена од министерот за правда Игор Филков и министерот за дигитализација Стефан Андоновски; делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев; делегација на Претседателот на Република Македонија и делегација од Општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојкоски и Советот на Општината, делегација од МВР, Единица за брзо распоредување, од Полициската станица Ѓорче Петров.

Во знак на длабока почит и трајно сеќавање присуствуваа и положија цвеќе и членови на семејствата на загинатите бранители, како и бројни делегации, меѓу кои и на Здружението на бранители на Македонија и Здружението на борци на Општина Ѓорче Петров.

Реклама

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, порача дека денес се навршуваат 24 години од херојската жртва на Томе Димоски, Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски, храбрите македонски бранители кои ги положија животите за татковината.

– Поминаа 24 години, но тагата не стивна, таа се уште живее во срцата на нивните најблиски. Тоа е болка што ја чувствуваме сите, како луѓе и како народ, болка што прерасна во национална гордост. Тие не се само имиња – тие се нашата колективна совест, нашиот завет и нашиот обврзувачки спомен, порача Стојкоски.  

Во нивна чест свежо цвеќе претходно беше положено и пред споменикот на херојот Томислав Настевски во Ѓорче Петров.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.