Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“, од нив 18.172 за брзо возење

Во текот на февруари констатирани се 19.066 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на февруари констатирани се 19.066 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Од нив, за брзо возење се 18.172 прекршоци. 

– Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите, каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број регистрирани прекршоци, најголемиот број се за управување возило со брзина поголема од дозволената – 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 653 мерки забрана за управување со возило, од кои 220 се за минување на црвено светло, а 433 се за брзо возење, информираат од МВР. 

Реклама

Гледано по седмици, најголем број прекршоци се регистрирани во периодот од 2 до 8 февруари – 4.991, а најмал во периодот од 9 до 15 февруари – 4.490. По денови, најмногу прекршоци се регистрирани на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Во текот на минатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.

– Повеќето од прекршоците се регистрирани на подрачјето на град Скопје – 12.073 или 63,3 % од вкупниот број регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците е регистриран и на патните правци по должината на коридорите 8 и 10 – вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и дриги локации – 17 прекршоци – велат од МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за посигурни и побезбедни патишта.