Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Во Европа се намалува, на Балканот се зголемува употребата на цигарите, во Македонија речиси четвртина од граѓаните пушат 

Македонија се наоѓа во групата земји со висока стапка на дневни корисници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се наоѓа во групата земји со висока стапка на дневни корисници на тутун и сродни производи во Европа, при што речиси еден од четворица граѓани над 16 години (22,5% во 2022 година) е секојдневен консумент. Иако стапката на Македонија е под просекот на водечките земји од регионот како Турција (29,6%), Србија (26,6%) и Бугарија (26,3%), таа е значително повисока од просекот на Европската Унија, кој во 2025 година изнесува 16,5%.

Податоците на Евростат покажуваат дека во 2025 година, 16,5% од луѓето на 16 години или постари во ЕУ користеле тутун и сродни производи (електронски цигари, никотински кесички или загреани тутунски производи) дневно, што укажува на мало намалување од 17,5% регистрирани во 2022 година. Додека ЕУ бележи општ пад на употребата на тутун (од 17,5% на 16,5%), повеќето земји од регионот (Турција, Србија, Хрватска, Бугарија) бележат забележителен раст. Македонија се наоѓа во истото балканско опкружување каде консумацијата останува висока.

Во Македонија, според последните достапни податоци, во 2022 година 22,5 проценти од луѓето на 16 години или постари користеле тутун и сродни производи дневно. 

Реклама

Меѓу земјите од ЕУ, Бугарија (26,3%), Шведска (23,9%) и Хрватска (23,6%) регистрирале најголем процент на дневна употреба на тутун и сродни производи кај лица на возраст од 16 години или постари. Холандија (9,9%), Ирска (11,7%), Белгија (13,6%) и Луксембург (13,8%) имале најниски процентуални проценти.

Споредено со земјите од регионот, најмногу пушачи има Турција 29,6% во 2025, што е раст од 1,4 процентни поени во однос на 2022 годиа кога има 28,2%, потоа следат Србија со 26,6% и раст од 1,8 проценти поени во однос на 2022 година кога има 24,8% и Бугарија со Бугарија 26,3% и раст од 0,3 процентни поени споредено со 2022 година кога има 26%. Пред нас се и Црна Гора со 23,8% во 2022 и Хрватска со 23,6% во 2025 и раст од 2,7 процетни поцени од 2022 година кога има 20,9%.

Грција бележи намалување на бројот на пушачи од 1,6 проценти поен, од 24,2% во 2022, на 22,6% во 2025 година. Најмалку активни пушачи имаат Словенија 17,3%, што е намалување од 0,6 процентни поцени споредено со 2022 кога има 17,9% и Албанија со 15,1% во 2022 година. 

Податоците покажуваат дека 20,8% од мажите пушеле секој ден, во споредба со 12,6% од жените. 

По возрасни групи, најголем удел на дневни корисници на тутун и сродни производи имало во групата од 35 до 49 години (21,3%), по што следувале оние на возраст од 25-34 години (19,9%) и 50-64 години (19,8%). Најмладите и најстарите возрасни групи имаа најниски удели, од 12,1% и 9,1%, соодветно.

Податоците на Евростат покажуваат дека повеќето луѓе (77,5%) не користат такви производи или не ги користеле во последните 12 месеци пред собирањето на податоците.