Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Во Делчево вечерва започнува тридневниот музичко-фолклорен фестивал со домашни и странски изведувачи

Делчево вечерва го започнува тридневниот музичко-фолклорен фестивал во рамки на Делчевското културно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делчево вечерва го започнува тридневниот музичко-фолклорен фестивал во рамки на Делчевското културно лето, со богата програма која обединува традиционален фолклор и концерти на познати музички имиња. Организаторите очекуваат во текот на викендот градот да го посетат илјадници гости од земјава и соседството.

Фестивалската програма започнува во 18 часот со дефиле на учесниците на 31. издание на „Голачките фолклорни средби“, додека официјалното отворање на манифестацијата е предвидено за 20 часот на летната сцена.

Во првата фестивалска вечер ќе настапат Фолклорната група „Вапцаров“, Женската пејачка група „Ѓурѓа“, Фолклорниот ансамбл „Бели мугри“ од Кочани, Етно трио „Евина“ од Ќустендил, Влашката пејачка група „Грамостен“ од Скопје и КУД „Дукати“ од Крагуевац, Србија. По фолклорната програма ќе следуваат концерти на Влатко Миладиновски и на македонската рок-група „Супер хикс“.

Реклама

Втората фестивалска вечер е целосно посветена на „Голачките фолклорни средби“, на кои ќе настапат 11 фолклорни ансамбли, оркестри и пејачки групи од Македонија, Србија и Бугарија, претставувајќи дел од богатото културно наследство на Балканот.

Фестивалот ќе биде заокружен во третата вечер со настапите на Иван и Ангел, по што ќе следува концерт на српската музичка група „Амадеус бенд“.

„Голачките фолклорни средби“ се една од најдолговечните културни манифестации во источниот дел на државата и традиционално се организираат во рамки на програмата на Делчевското културно лето.